Љубов и Секс

Верувале или не, паузата од секс во врската може да биде добра за вас

Верувале или не, паузата од секс во врската може да биде добра за вас

Познато е дека сексот го зајакнува срцето и го продолжува животот, но и „сушните периоди“ имаат свои предности, особено за психата.

Вишокот време е одлична можност да работите на себе, и психички и физички.

Подобра форма, поголема самодоверба

Жените за време на сексот можат да бидат крајно несигурни во своето тело, честопати се прашуваат дали се доволно добри или привлечни, што лошо влијае на нивната самодоверба.

Периодот без секс ги менува приоритетите, така што вишокот време може да се потроши на вежбање и промена на начинот на исхрана. Штом телото е во подобра форма, тоа влијае и на самодовербата, па многу жени почнуваат да гледаат на своето тело на поинаков начин.

Можност за истражување на сопственото тело

Периодот без секс е одлична можност да го истражите сопственото тело. Оние кои никогаш не го достигнале врвот со својот партнер можат да имаат најголема корист од тоа, бидејќи конечно можат да видат што ги возбудува, а што не.

Без стрес и страв од непланирана бременост

Животот во двојка, и покрај предностите, може да биде многу стресен. Партнерите треба да се усогласат едни со други и да направат компромиси. Ова е особено важно кога станува збор за сексот, па затоа не е изненадувачки што тоа е една од најчестите причини за расправија. Без секс, нема напнатост, што може позитивно да влијае на вашето расположение. Исто така, не треба да се грижите за непланирана бременост.

Повеќе ќе го цените сексот

„Сушните периоди“ ги учат партнерите како повеќе да го ценат сексот. Откако ќе заврши тој период, односите ќе бидат поинтензивни од кога било претходно, особено ако ги користите вештините што сте ги научиле со истражување на вашето тело.

извор: Кајгана

To top