Љубов и Секс

Верувале или не, ова се најголемите заблуди за сексот

Верувале или не, ова се најголемите заблуди за сексот

Постојат толку теории за сексот, што понекогаш е тешко да се направи разлика каде престануваат фактите, а каде започнува митот. Од големината на пенисот до Г точката, во продолжение прочитајте кои се најголемите заблуди за сексот.

На жените им е важна големината на пенисот на нивниот партнер.

Секако, има жени на кои ова навистина им е важно, но на големината на пенисот поголемо внимание ѝ придаваат мажите отколку жените. Анкетата во која учествувале 50.000 хетеросексуални испитаници покажала дека со големината на пенисот на мажот со кој се во врска се задоволни 85% од жените, но со големината на сопствениот пенис се задоволни само 55 отсто од мажите.

На жените им е неопходна стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам

На некои им е неопходна. На некои не им е. Има жени кај кои е доволна стимулација на брадавиците, има такви кај кои за оргазам е потребна малку анална стимулација. Сите луѓе се различни – не оптоварувајте се со теории, туку откријте што е она што вам ви е потребно за да доживеете оргазам и уживајте.

Само мажите имаат „влажни“ соништа

„Влажните“ соништа не се ништо повеќе од оргазам во сон. А, тоа е нешто што дефинитивно не е резервирано само за мажите.

Мажите се на сексуалниот врв во раната адолесценција, а жените во триесеттите години од животот

Ова исто така нема никаква научна основа. Сексуалната желба, а и „моќта“ е променлива категорија, која пред сè зависи од „хемијата“ помеѓу партнерите, а и од љубовта.

Секоја жена има Г точка

Ах… Г точката, тој „свети грал“ на оргазмот…Не залажувајте се. Не е несомнено докажано ниту дали Г точката воопшто постои, а не пак, дека ја има секоја жена. Не губете време барајќи ја, многу е покорисно и позабавно едноставно да се опуштите и да уживате во сексот.

Оралниот секс е побезбеден од вагиналниот

Па, ова е точно само во смисла на заштита од несакана бременост. Што се однесува до се` останато, ризикот е ист. Да, малку е поголем ризикот да добиете некоја сексуално пренослива болест со вагинален или анален секс, но и херпесот и кламидијата и гонорејата и ХИВ и сите останати сексуално преносливи болести можат да се пренесат и со орален секс. Ако не сте сигурни дека личноста со која сте во врска е сосема здрава, користете кондом или дентални гуми.

извор: курир.мк

To top