Љубов и Секс

Верувале или не: Мажите тајно посакуваат ваков секс со партнерката, но некогаш се срамат да признаат

Верувале или не: Мажите тајно посакуваат ваков секс со партнерката, но некогаш се срамат да признаат

Наместо „маратонски“ секс, бурно водење на љубов, поголем дел од мажите сакаат нежност во кревет.

„Ми беше срам да им признаам на пријателите, но нежното водење љубов ми е најдраго. Обожавам кога партнерката ја гледам и ја допирам нежно“, признал некој маж.

„Немам ништо против груб секс, но тој никогаш не ги задоволува моите најдлабоки потреби. Најмногу сакам кога нежно ќе ме соблече, ќе ме бакнува по цело тело и кога полека ќе постигнам оргазам. Тогаш се чувствувам некако поврзан со неа, како да сме едно“, додал друг маж.

„Мажите не сакаат секогаш да бидат тие кои иницираат секс“, вели д-р Даун Мајкл, клинички сексолог.

Таа објаснува и дека мажите доколку мора секогаш да иницираат секс почнуваат да се чувствуваат помалку привлечно, а можат да развијат и страв од лоша умешност во спалната соба.

Без оглед на популарноста на филмовите како што е „50 нијанси на сиво“, д-р Мајкл забележала дека поголем дел од мажите бараат нешто поразлично.

„Некои од мажите сакаат кога нивните партнерки доминираат, но таа доминација не ја спроведуваат на груб начин. Напротив, доминираат во својата грижливост. За тоа ретко се зборува, но мажите навистина сакаат нежност во спалната соба. Сакаат интимност со жената низ нежен секс преполн со љубов. Жените забораваат дека и мажите се емоционални суштества, а дека сексот е огромна експресија на интимност“, порачува докторката.

извор: точка.мк

To top