Љубов и Секс

Верен како „куче“ – мажот роден во овој хороскопски знак никогаш нема да ве изневери

Верен како „куче“ – мажот роден во овој хороскопски знак никогаш нема да ве изневери

Никогаш не е тешко да се заљубиме, но голем предизвик е да го предадете вашето срце и доверба на една личност.

На многумина им е тешко при самата помисла дека саканата личност може да ги изневери, а доколку треба да им веруваме на астролозите, со еден хороскопски знак имате најмала веројатност дека ќе завршите изневерени или пак ќе ве остави со скршено срце.

Станува збор за мажот роден во хороскопскиот знак Рак, а токму тој спаѓа во најверните хороскопски знаци.

Тој е емотивен, ранлив, емпатичен, но и тешко ја отвора душата, па поради тоа нема толку лесно да ѝ се отвори на својата поубава половина.

Но, кога ќе се увери во длабочината на вашите чувства, можете да бидете сигурни дека ќе биде ваш до крајот на животот.

Раковите тежнеат кон сигурни и трајни врски, а истото тоа го очекуваат и од партнерката.

Единствениот начин вашата емотивна врска со маж роден во хороскопски знак Рак да доживее крах е вие да го изневерите него – тоа никогаш нема да ви го прости.

Меѓу знаците кои не сакаат да изневеруваат се и Биковите, Вагите и Девиците. Биковите сакаат стабилност и многу се верни, Вагите се родени борци за правда, а традиционалните Девици се исклучително трпеливи и подготвени да вложат напори за емотивната врска во која се наоѓаат да биде што подобра и поквалитетна.

извор: точка.мк