Радио Милева
убави моменти

Вера Мештеровиќ покажа со кого го поминува слободното време: Еве каде замина водителката и во чие друштво? (фото) 

Вера Мештеровиќ покажа со кого го поминува слободното време: Еве каде замина водителката и во чие друштво? (фото) 

Вера Мештеровиќ е жена со професија која иако изгледа лесна и едноставна таа сепак и одзема доста време, па кога го има, секогаш  гледа како правилно да го искористи.

Таа покрај работата како ТВ водителка, често е и дел од настаните за кои долго се подготвува со цел да остави стилски печат и доза на провокација.

Но, освен што имаме прилика да ја гледаме на ТВ екраните и на настаните, таа е активна и како инфлуенсерка на „Инстаграм“ каде споделува и рекламира разни производи и услуги.

Сепак,  водителката сега сподели нешто поразлично од претходно и покажа како го поминува слободното време приватно. Иако  има многу работни обврски, таа докажа дека сепак успева секогаш да одвои време и за своите најмили.

Имено,  на кратките приказни на нејзиниот „Инстаграм“ профил  се најде една преубава фотографија која им го задржа вниманието на сите нејзини фанови и следбеници.

Вера заедно со нејзината ќерка Јована решиле да го искористат слободното време и  рака под рака  заминале во Театар Комедија.

Па, откако позирале пред камерата на мобилниот телефон, Вера споила две фотографии каде на едната се билетите на кои јасно се гледа дека се одлучиле да ја гледаат претставата „Илуминати“.

Со најновата фотографија од нив две јасно се гледа колку неверојатно си личат една на друга и дека веќе потпорасната ќерка целосно ја наследила убавината на нејзината мајка.

Инаку, Вера пред пет години, се разведе од поранешниот фудбалер Игор Кралевски, а мајка е на две деца, Андреј и Јована.

Фото: Принтскрин/Instagram/veramesterovic

Останати вести од Радио Милева