Слоба Радановиќ стана татко. Неговата сопруга Јелена роди момче на кое му дадоа име Дамјан.
Фолкерот славеше до доцна синоќа, а малку од атмосферата покажа и на Инстаграм. Се гледа како му ја искинаа кошулата на пејачот, а тој не ја криеше насмевката на лицето.
View this post on Instagram
„Секогаш веруваше во Бога, Тој те водеше низ животот. За тоа си свесен дури сега, кога ти се роди Дамјан! Слава на Бога за се“, напиша Слоба во описот на објавата.
Инаку, Јелена Радановиќ од првиот брак има два сина, додека на Слоба ова му е прво дете.
Фото: Принсткрин/Инстаграм