Радио Милева љубов или вино?

Вака дел од познатите Македонки го славеа празникот: Која Св. Трифун, која Св. Валентин, која обата… со вино, цвеќе, прегратки, пораки, песни и пози во постела од рози! (ФОТО)

Вака дел од познатите Македонки го славеа празникот: Која Св. Трифун, која Св. Валентин, која обата… со вино, цвеќе, прегратки, пораки, песни и пози во постела од рози! (ФОТО)

Свети Трифун или Свети Валентин? Дилемата почна да станува вечна откако не така оддамна католичките празници како овој вториов или „Ноќта на вештерките“, на денешнава младина и не само неа, почнаа да и стануваат „поинтересни“ од оние православните. Но сеедно, во религијата и религиозните чувства нема право никој да се меша, зашто тоа е лична работа. Волјата е Божја, ама изборот е на секој од нас, кој(а) како ќе го слави денот во кој се поклопуваат двата празника со различно значење: Оној православниот, што го чествува на закројувањето на лозите и виното, а за свој празник го зеле, градинарите, лозарите и меанџиите, или оној  католичкиот, денот што ја слави љубовта, а најмногу го слават вљубените двојки.

Познатите Македонки го славеа празникот, која како посака… Едни Св. Трифун, други Св. Валентин, трети обата… Подготвени да споделат љубов и понекоја чаша вино.

ТВ водителката Елена Стефановска последнава године е вљубена, па тоа јавно и не го крие… А љубовта најдобро оди во пакет со малку романтика на скриено осамено место и секако чаша добро црно вино.

Како рецепт со порака за решение на вечната дилема: Трифун или Валентин? А зошто не и двата?

Лила Филиповска го прослави Св. Валентин во друштво, ама – соло… И далеку од дома, зашто нашата позната водителка најпрвин замина за Кападокија, а веднаш по пристигнувањето не чекаше многу за да објави фотографии.

А и нејзината рекција во стилот: „Абе ајде, ти се молам…“,  кога ќе ја прашаат како ќе го прослави Валентајн… Зашто со кого ќе го слави – не ја прашаа, па самата објави и покажа… Во женско друштво, во  Истанбул! !

Нина, сопругата на нашиот ракометен голман Борко Ристовски се пофали со букет „црвени рози за вас мадам“ за празникот… Како знак на внимание и љубов, претпоставувате од кого.

Наместо благодарност, Нина одговори со порака и празнична честитка до сите дами: “Секој ден од годината да сте ми сакани, почитувани, галени и разгалени. Ако не е така  самите секогаш може да го промените тоа. Среќен празник“ – порача Нина.

Младата македонска манекенка и топ модел Бојана Нушкова која во последно време работи и гради кариера во Турција, празникот ја затече дома… Барем засега и накратко…

Можеби затоа и го игнораираше, симболично потсетувајќи со стара фотографија дека подарок за Валентин, дома  – не примила!

Екс водителката , сега позната инфлуенсерка Миа Костова ги спои двата празника за сопствена среќа: Доза на љубов и вино за денот да и помине повеќе од фино. Со чашата пијалок на боговите в рака и во женска ли прегратка, Миа покажа, ама и порача:

Љубов. Никогаш никој да не ви каже кого да сакате, колку да сакате и дали треба да сакате и колку тоа треба да трае. Да уживате во сѐ што ве прави среќни затоа што животот е краток а и времето кое го поминувате во смеење не е секој ден. Што и да славите, нека е живели“!

Ноне Неделковска наводно веќе не е во љубов… со никого. Со Јамјака ја раздели работата, со Србија короната… Па сепак, некогашната пејачка не шеташе сама по снегот за Свети Валентин…

До душа пораките и беа малку чудни, впрочем како и изборот ама, сепак…

Ноне си знае за коги и бие срцето, па што повеќе тебаше да слави, на што да го стави акцентот: На лозарите и винарите или на љубовџиите?

Уште почудна, па дури и бизарна беше и пораката на македонската мисица и модел Емилија Розман… До душа, кај неа се судираат двете крајности, двете спротивности кои се судбински поврзани: Во љубовта не и оди баш најдобро, а најмногу сака и треба да го слави токму Свети Валентин, па едвај чекаше да дојде Денот на вљубенит по се’ изгледа само од една причина: Г-ѓица Розмантична има цвеќарница која воедно е и продавница за подароци!

Од друга страна, Розман се пошегува на најбизарен можен начин, дури и морбиден,  на своја сметка кога е самата таа во прашање за Денот на вљубените:

„Единствен начин да добијам цвеќе на 14-ти февруари е да умрам на 13-ти“!

За среќа, цвеќе не доби, туку го (про)даваше во доволни колични токму за споменатиот датум!

Македонската ријалити ѕвезда и трендсетерка Елеонора Миљковиќ славеше во Белград во познато друштво… Заедно со нејзините некогашни  ријалити колеги Луна Ѓогани и нејзиниот вереник, Марко Миљковиќ, но и уште некој…

Ресторанска атмосфера, понекое љубовно балонче во облик на срце, бел трендафил и подароче и понекоја чашка пијалок за опуштање…

Е сега,  дали за македонската ријалити убавица се’ остана на славење Свети Трифун или славењето на Свети Валентин го продолжи „да го вози“ и со шише црно вино на постела од рози…?

Или тоа се само стари пози? Можеби?! Како што можеби љубовта на Нора е нова?

Кумановки се познати љубовџики, ама овој пат двете најпознати кумановки, барем кога е фолк браншата во прашање, славеа ем заедно, ем си го славеа Свети Трифун. Пејачките Тања Јовановска Трајкова и Сања Сани Гроздановска заедно со винце прославија во кафеана.

До душа, не дека љубов немаше, ама таа се виде само кај првата, зашто Тања го покажа сопругот Младен, а Сани остана – соло… Барем на фотографиите, што не значи дека останала и „сува“!

Ако не друго, грлото го „подмачка“ со чаша – две  бело вино, зашто ако не е добро подмачкано, тешко оди…

И за песна и за… Впрочем, како што самата порача, нека му ја мисли вечер Валентајн, зашто Трифун кога ќе се поднапие… Ем е згоден, ама е и баеги… „незгоден“!

Фото: Инстаграм принтскрин

 

 

 

 

 

 

 

 

To top