Универзумот знае кои луѓе се сродни души и знае кога вие ќе ја сретнете вашата. Па затоа, кога ќе ја сретнете, ќе се чувствувате како да ја знаете сто години.
Следете ја својата интуиција и никогаш не го потценувајте вашиот инстинкт, бидејќи, навистина, тој никогаш не греши. Занемарете ја логиката, бидејќи инстинктот е многу посилен од што мислите.
Дури и ако сте имале лошо искуство во љубовта, не очајувајте. Секоја случка во вашиот живот носи одредена порака. Ништо не се случува без причина.
Не можете да ги промените чувствата на другите луѓе. Немате право некого да присилите на љубов.
Лошите искуства во минатото не се ништо друго освен процес на учење. Во секоја врска знаете колку сте силни.
Мора да знаете една работа: драгоцените лекции од искуствата од лошите односи се клуч за идниот избраник со кој ви е судено да бидете.
За да ја најдете вистинската, ‘космичка’ љубов, мора да бидете верни на себе. Потребно е да се познавате и да се прифатите себеси.
Сите грешиме, тоа е човечки. Впрочем, токму поради тие грешки станувате посилни.
Најважно е во животот да се пронајдете себеси. Да се запознаете какви сте и кои сте. Кога ќе почнете да живеете поради себе, тогаш ќе ја најдете сродната душа. Запознавајќи ја својата душа, ќе знаете што и кој ви одговара.
извор: точка.мк