Не баш секоја позната припадничка на понежниот пол е слободна во објавување фотографии во блажена состојба.
Додека едни од месец во месец од бременоста објавуваат колку нараснал нивниот стомак, други пак, периодот кој важи за најубавиот за една жена, го чуваат за себе и најблиските. Фолк пејачката Сузана Гавазова е мајка на две ќерки, Емили и Селена.
Таа сега на својот Инстаграм се потсети на времето од 2015 година кога беше бремена по вторпат и покажа досега невидена фотографија во блажена состојба со нараснатиот труднички стомак.
Сузе позира во тесен фустан од кој во фокусот е стомачето од седмиот месец од бременоста со ќерќата Селена.
Тогаш Гавазова живееше во Шведска каде и се породи, а за медиумите во тоа време изјави дека породувањето било лесно за неа и поминало во најдобар ред.
Дали оваа фотографија беше најава,желба за уште едно бебе или пак само навраќање низ времето,знае најдобро самата. Инаку, ќерките на Сузана Гавазова се разлика една од друга само една година.