Радио Милева

Убавата Миранда Кер се породи, а го откри полот и името на бебето

Убавата Миранда Кер се породи, а го откри полот и името на бебето

Познатиот модел и поранешен ангел на „Викторија Сикрет“, Миранда Кер (36), роди машко бебе кое го доби името Мајлс. Дека стана мајка, убавата Австралијанка се пофали на својот Инстаграм профил.

– Не можеме да ја скриеме возбудата поради тоа што станавме родители на момче. Ние сме многу среќни за Мајлс и ви благодарам на сите за вашите зборови за поддршка и честитки – напиша Миранда Кер, која го доби своето второ дете со сегашниот сопруг Еван Спигел (29).

Пред Мајлс, Миранда го роди синот, Харт, кој има една година.

фото:инстаграм/миранда кер

За потсетување, Миранда беше во брак со британскиот актер Орландо Блум (42) три години. Од првиот брак манекенката го има синот Флин, кој наполни осум години.

To top