,,Ако згрешам нека изгорам” ,,Друга љубов не сакам”, ,,Заветна” , ,,Сине мој”, „Ти не плачи мајко“… се само дел од антологискитe песни на покојната македонска фолк легенда Пепи Бафтировски.
Поминаа 15 години од неговата смрт, но тој секогаш остана присутен меѓу народот преку своите песни.
Пред да почине во 2003 година, Бафтировски се враќа во Америка, поточно во Чикаго заедно со целото семејство.
Неговите наследници се уште живеат таму, а во македонските медиуми одвреме- навреме може да се прочита по нешто за нив.
Особено маркантен е синот Емил Бафтировски кој по професија е доктор.
Строен и успешен во бел мантил што дополнително го прави да биде магнет за женските погледи.
Емил има профили на социјалните мрежи каде не така често знае да биде активен, но оттаму може да се ѕирне во неговото американско секојдневие.
Од приложеното може да се види дека негува урбан и лежерен изглед, а слабост му се и ентериерите, па може да се сретнат и фотографии од уредувањето на местата кои ги посетува.
Што се однесува на неговата мајка и екс-сопруга на Пепи, Ава Креш, таа е успешна на неколку полиња, вклучувајќи го и танцот.
Ќерката на пејачот и сестра на Емил е мажена и има 3 дечиња.
фото:Јутјуб , Фејсбук, Инстаграм принтскрин/Ava Kersh/Emil Baftirovski