Овие хороскопски знаци не можат да ја контролираат љубомората и едноставно ќе пукнат од мака кога сте во друштво на мажи кои се позгодни од нив.
Кои се тие?
Скорпија
Не е никакво изненадување бидејќи Скорпиите се екстремно посесивни кога станува збор за љубовна врска. Тие не можат да ги контролираат нивните чувства и со самата помисла дека партнерот/партнерката може да ги изневери стануваат болно љубоморни и губат контрола.
За нив љубомората е афродизијак бидејќи ја обожаваат личноста со која се во врска. Можат да направат сцена и за најмала ситница.
Бик
Биковите се премногу посесивни, а со самото тоа се и љубоморни. Биковите обожаваат да ги присвојуваат луѓето како предмети, па затоа не можат да се помират со фактот дека може да го изгубат нивниот/та партнер/ка.
Не може да го разубедите Бикот и да му објасните дека нема причина за љубомора доколку се почувствува дека љубовната врска му е загрозена.
Лав
Лавовите се премногу горди на себеси и на сето она што го прават. Нивното его не им дозволува да бидат повреди, па со самото тоа бараат докази дали нивниот партнер ги изневерил. Ако Лавот почувствува дека му правите некои работи зад грб, никогаш нема да ви го прости тоа. Често имаат неконтролирани изливи на љубомора.
извор: Кајгана