Можеби и’ не е правило, но ова се трите најчести фрази кои мажите ги користат кога ја прекинуваат врската…
Погледнете што значат трите најчести реченици за раскинување…
1.„Не сум сигурен што сакам“
Превод: ’Не сум подготвен за врска со тебе’.
Сеуште се гледа како самец кому како самец му треба време за себе и да се фокусира на кариерата. Не може со сигурност да каже дали доволно ве посакува.
2. „Заслужуваш подобро“
Превод: ’Ќе те повредам и ако сега се повлечам,после ќе чувствувам помала грижа на совест’. Чувствува дека ве искористува или не е толку длабоко во врската како вие.
3. „Потполно сме различни“
Превод: ’Ме излудуваш’. Тоа покажува дека не сака да ги реши проблемите. Ја фрлил ракавицата и веројатно емотивно веќе се одвоил од вас. Се одјавува од вашата врска.
извор: екран