Прекрасен секс и по 15 години? Возможно е! Поголем број од паровите по неколку години врска или брак немаат повеќе толку страстен секс како некогаш. Како што поминуваат годините желбата за секс се губи.
Иако некои мислат дека тоа е нормално, науката не се согласува со таа констатација.
Според истражувањата, намалувањето на сексуалниот нагон кон партнерот се должи на разните биолошки процеси, но и причините заради кои еден пар го практикува сексот.
Времето кога женското и машкото либидо е на највисоко ниво се разликува. Жените највисока желба за секс имаат нвечер, а мажите наутро.
А бидејќи вообичаено жените се прашуваат кога е време за секс, истражувањето докажало дека паровите најчесто имаат сексуален однос во околу 21 часот или околу полноќ.
Со други зборови, имаат секс пред спиење. А науката вели дека таквиот секс не е секогаш толку добар. Во прашање е периодот од денот кога сме најисцрпени и кога телото е изморено па некогаш логично е тогаш да немаме желба за секс.
Од друга страна пак, утринскиот секс е многу подобар затоа што тогаш имаме повеќе енергија па со самото тоа и задоволство.
Научниците велат дека треба да водите љубов наутро, но да се потрудите да ги избегнете вообичаените ритуали, па затоа и попладне може да биде идеално време за секс.
„Паровите треба да најдат начин и да го направат сексот да биде интересен затоа што тоа е одлично за нивната врска. Паровите кои го употребуваат сексот за да се опуштат, зближат и да го намалат стресот се токму тие луѓе кои ќе имаат секс и по 15 години“ – велат истражувачите.
извор:точка.ком.мк