Љубов и Секс

Три сурови вистини за мажите: Секоја жена на возраст од 5 до 95 години треба да го знае ова – после тоа нема разочарување

Три сурови вистини за мажите: Секоја жена на возраст од 5 до 95 години треба да го знае ова – после тоа нема разочарување

Рускиот психолог, Викторија Криста зборувала реални и отрезнувачки вистини за мажите. Откако ќе го совладате ова, ќе бидете отпорни на разочарувања.

Кога еднаш ќе ги сфатите овие 3 вистини, нема повеќе да живеете во заблуда. Во продолжение на текстот можете да ги прочитате трите вистини за мажите според психологот Викторија Криста.

Ако долго сте заедно, а тој не ви предлага брак – вашиот однос нема иднина

Со години сте заедно, но тој никогаш не зборува за вас како пар. Кога и да започнете тема за заедничка иднина, тој го менува текот на разговорот. Да, веројатно му се допаѓате, но недоволно да би стапил во брак со вас. Со вас е додека не се појави вистинската. Разберете го ова и продолжете понатаму.

Ако навистина му се допаѓате, тој ќе се погрижи да го видите тоа

Доколку не ви се јави долго време или не ви даде до знаење дека треба да се видите – не е заљубен, не му се допаѓате. Дури и најсрамежливиот маж би направил чекор, би направил сè за да разберете дека му се допаѓате, да ве освои, „резервира“ за себеси … Ако не направи ниту еден чекор во таа насока – тој едноставно не е заинтересиран.

Ако ви каже „не сакам сериозна врска во моментов“, тоа во превод значи „не сакам врска со тебе“

Ако мажот моментално не е заинтересиран за врска затоа што „има криза во земјата“, затоа што „премногу е млад“, затоа што „не завршил факултет“, затоа што „не нашол работа“ – значи дека едноставно не е подготвен да преземе одговорност. Тажно е и болно да се процесира тоа, но доколку ве сака би бил подготвен на сè – без оглед на сè.

Уште неколку сурови вистини за мажите

–  Ако ве навреди – тоа не е негов карактер, тоа е неговото непочитување кон вас
– Ако ве обвинува за сè, ве прекорува за секоја ситница, тоа не значи дека е перфекционист – едноставно не ве прифаќа такви какви што сте
–  Ако не ви дава комплименти и никогаш не ви подарил цвеќе, тоа не значи дека е личност која цврсто стои на земјата, тука дека не сте му доволно важни или вредни, за да би потрошил пари или емоции на вас
– Дури и многу ладнокрвен човек би дал неколку убави зборови, бидејќи комплиментот не чини ништо.

Ако му се допаѓате на еден маж, тој ќе се погрижи да го разберете тоа и нема да имате потреба да ги толкувате, ниту оправдувате неговите постапки.

Извор: Точка

To top