Сексот е многу важен дел од секоја врска, но овој многу интимен чин го достигнува својот врв кога двајцата партнери максимално уживаат во моментот, без снебивање.
За време на сексост не се грижите за изгледот
Водењето убов е страствен момет во кој, за максимално да уживате, треба потполно да се препуштите на чувствата. Во тие моменти не ни е битно како изгледаме, каква ни е фризурата и дали ни се гледа целулитот. Ако се препознавате во таква ситуација, знајте дека имате совршен секс.
На партнерот може да му кажете што точно сакате
Сексот е многу индивидуален, а секој од нас има различни желби и потреби. Токму затоа, совршениот секс гарантира комуникацијата меѓу партнерите. Ако не се снебивате да го насочите кон вистинскиот пат или во текот на сексот да у сугерирате да ги изведе вашите омилени движења, знајте дека имате совршен секс.
По сексот се чувсвувате опуштено и среќно
Докажано е дека сексуалниот однос влијае на работата на мозокот и лачење на хормоните на среќа и задоволство, Но, тоа се однесува само на страствениот секс во кој нема снебивање, Ако по сексот не можете да ја тргнете насмевката од лицето, чувствувате како телото ви трепери и не можете да мрднете од умор, знајте дека имате совршен секс.
извор:скопје24.мк