Љубов и Секс дали ги знаевте?

Три работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+)

Три работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+)

Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Понекогаш сексот зависи и од комуникацијата… Што сакаат мажите да знаете? Мажите сакаат да знаат дали нивната партнерка е задоволна и задоволена во сексот. Но, не сите жени кажуваат на глас што сакаат од партнерот. Дури и мажите имаат свои тајни, кои посакуваат да ги знаете за поголемо задоволство во кревет. Тие може да ја сменат сексуалната динамика меѓу вас, на подобро.

Прочитајте кои 3 работи вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет:

Да ги оставите светлата вклучени

Повеќето жени сакаат да имаат секс во темница, бидејќи се срамат од своето тело. Наместо да уживате, размислувате дали ви се гледа целулитот, стриите, дали ви се размачкала шминката, како изгледате испотени. Повеќето мажите воопшто не размислуваат за тоа. Тие сакаат да имаат секс со запалено светло, да ви го гледаат изразот на лицето, да му се восхитуваат на вашето тело.

Невозможно е да имате вистински контакт со очите ако светлото е изгасено. Колку повеќе се грижите да ги скриете вашите несовршености или она што го сметате за ваш недостаток, толку повеќе ја намалувате интимната поврзаност меѓу вас. Изненадете го партнерот, оставете ги светлата запалени. Или, ако ги изгаси, кажете му да ги запали. Ќе го изненадите позитивно. А тој ќе знае како да ве награди.

Да му кажете отворено што сакате да ви прави или испуштате задоволен звук кога уживате

Некои жени се плашат дека партнерот ќе се налути или ќе му се расипе расположението ако му кажуваат што сакаат да им прави додека имаат секс, каде да ги допре или кога нешто не ѝ е убаво. Мислат дека со ова ќе му го уништат егото, а тој ќе сфати дека не е доволно добар во кревет.

Но, со ова не му правите услуга (а ни на себе), бидејќи во обидот да му го заштитите егото, се преправате дека ви се допаѓа нешто што не ви се допаѓа, па вие не сте задоволна. Бидете посуптилни, на пример можете да му кажете: „Не, не таму“ или „Ми се допаѓа кога ти и да му кажете што ви е убаво“. Или едноставно да дишете длабоко, и да испуштате звуци на задоволство кога уживате во работите што ви ги прави. Ако му дадете насоки или повратна информација за тоа што го прави, ќе му помогнете да стане подобар љубовник за вас.

Не го ставајте само неговиот оргазам во фокусот

Многу жени мислат дека мажот е најсреќен кога ќе доживее оргазам, па се трудат да направат сè за тој да дојде до кулминација. Но што е со предиграта? Многу мажи признаваат дека предиграта им е повозбудлива од сексот и дека често уште во моментите на предигра можат да доживеат кулминација, ако партнерката знае што треба да прави.

Затоа, наместо само да се фокусирате на тоа дека тој треба да доживее оргазам (а и вие), обидете се да се опуштите и да уживате во секој момент – од бакнежите, преку соблекувањето, предиграта, до самиот секс и оргазмот како врв на задоволството.

извор: crnobelo.mk

To top