Начинот на кој зборува, јаде или ве допира се различни методи кои можат да ви откријат дали потенцијалниот партнер може да ве задоволи во кревет. Само треба да ги проучите неговите секојдневни карактеристики.
1. Како јаде
Дали вашиот партнер јаде брзо или бавно? Мажите кои јадат брзо и помалку несмасно бараат брзо задоволство, а такви се и во сексот. На брзина сакаат да ја завршат работата.
Ако ужива во храната и го остава најдоброто парче за последно залче, значи дека бара одложување и долго задоволство. Таквиот маж ќе има подобра техника во кревет и може да биде многу посензуален. Кога некој е пребирлив со храната, тоа во правило значи дека нема да сака многу експериментирање во сексот.
2. Како зборува
Често по висината и бојата на гласот одлучуваме дали некој ни е секси или не. Колку што е машкиот глас подлабок толку на жените им изгледа посилен и помоќен. Ритамот на говорот е важен во одредувањето дали некој е секси или не.
Брзиот начин на говор отприлика делува како личност која некоординирано оди. За таквите мажи просто не можете да замислите дека би биле добри во кревет, каде се битни координацијата и ритамот.
3. Како допира
Сите парови минуваат низ фаза на првите допири на почетокот од врската. За да го разоткриете обрнете внимание како ве допира, постојат многу сигнали на кои треба да обрнете внимание кога првпат се запознавате со некого и со него го минувате времето, затоа што ви се допаѓа.
Обидете се лесно да го допрете по рака или колено и почекајте тој да ви возврати со иста или слична мера.
Ако тргне пребрзо или пречесто ве допира тоа е лош знак. Ова можеби значи дека малку е себичен, дека сака да го има главниот збор и дека нема да ги почитува вашите желби во кревет.
извор: кајгана.мк