Сексот е страствен момент во кој мора максимално да уживате. Но, постојат некои навики кои можат да го уништат или пак да предизвикаат несакани последици по сексот. Ова се три работи кои не треба да ги правите пред секс.
1. Да се депилирате
Доколку планирате да поминете жешки моменти со партнерот, за овој момент треба да се подготвите неколку денови претходно, барем кога станува збор за депилацијата. Во текот на сексуалниот однос подрачјето околу препоните е изложено на триење, но и прекумерно потење. Токму поради тоа кожата ќе се иритира, а чувствителните подрачја од депилацијата многу лесно можат да се воспалат. Сличен ефект има и вежбањето после депилација, затоа подгответе се на време.
2. Да пиете лек против алергија
Лековите кои ги намалуваат алергиските реакции делуваат врз опуштањето на телото. Но, овој лек има силно дејство и на вашата слузница која е поврзана со целото тело, почнувајќи од усната шуплина па сѐ до интимното подрачје.
Овие лекови го намалуваат лачењето на вагиналната слузокожа па поради тоа сексот нема да биде пријатен како обично, а тоа значи дека и потешко ќе достигнете оргазам. Истото важи и доколку пробувате да зачнете, бидејќи вагиналната слузокожа го олеснува патот на сперматозоидите до јајниците.
3. Да трпите доколку ви се оди во ВЦ
Ако сте се впуштиле во жешки моменти со парнерот, а страста е на самиот врв, но чувствувате потреба за одење во тоалет и мокрење, не трпете. Меурот е сместен многу блиску до вагината и секој притисок на него се чувствува многу, поради што сексот нема да биде толку пријатен и опуштен. Исто така, ако имате потреба да уринирате во текот на сексот, мочниот канал и меур се оптеретуваат и се полнат со течност поради што се изложувате на опасност од воспаление на мочниот меур предизвикано од секс при такви услови.
извор:среќа.мк