Љубов и Секс

Три работи кои може да ги направите кога вие и партнерот сакате различни количини на секс

Три работи кои може да ги направите кога вие и партнерот сакате различни количини на секс

ечиси во секоја врска доаѓа момент кога партнерите не се усогласени кога станува збор за желбата за секс. Тоа е нормална појава која не е причина за загриженост, освен ако не се претвори во долгорочен проблем кој може да предизвика стрес, расправии и да ја оптоварува врската. Затоа е важно да се делува на време.

Отстапувањата во желбите се честа појава. Во Велика Британија е спроведено истражување кое покажало дека тоа е проблем со кој се соочува секој четврти пар. Исто така, докажано е дека разликите во сексуалната желба се една од најчестите причини поради кои паровите се одлучуваат на сексуална терапија.

И што можете да направите ако се најдете во врска во која вие и вашиот партнер сакате (драстично) различни количини (или типови) на секс?

Експертите за сексуална желба д-р Лори Брото и д-р Кристен Марк понудија на Psychology Today неколку начини за справување со проблемот.

Разликите во желбите се проблем на парот, а не индивидуален проблем

За почеток, важно е отстапувањата да се гледаат како заеднички проблем, а не како проблем специфичен за еден партнер. Сигурно нема да ви помогне меѓусебното обвинување и срам.

После тоа, важно е да се идентификуваат сите потенцијални здравствени проблеми или стресни фактори кои можат да влијаат на намалувањето на желбата. Меѓу нив може да биде, на пример, хроничен замор или доаѓање на бебе.

Понекогаш едноставно треба да се справите со тие прашања пред да се занимавате со сексуални прашања бидејќи има добри шанси тие да се поврзани.

Позитивната комуникација е клучна

Нашиот партнер секако не може во секој момент да знае што сакаме, по што копнееме… Доколку очекуваме другата страна да ни ги чита мислите, сигурно ќе се случат ситуации во кои нема да се исполнат нашите очекувања. Затоа е важно да се комуницира отворено бидејќи лесно може да се случи другата страна да не ни го даде она што го сакаме затоа што не сме ги кажале јасно нашите желби.

Значи – во врските и браковите, неопходно е да се посвети одредено време за споделување желби и меѓусебно учење. Кога станува збор за секс, кажете му на другата личност што ви се допаѓа, а што не. Никој не сака врска која се карактеризира со лош секс, а токму комуникацијата може да го подобри нејзиниот квалитет и да ја поттикне желбата.

Важно е оваа комуникација да биде здрава и продуктивна бидејќи во спротивно проблемот може да стане уште поголем.

Размислете за закажување секс

Во врска во која партнерите не сакаат еднаков секс, трик кој може да помогне е закажувањето секс. Иако планираните односи можеби не ви звучат привлечно бидејќи според вас сексот треба да биде нешто спонтано, имајте на ум дека кога закажувате состанок добивате време да го поминете во слатко исчекување, а возбудата ќе расте.

Покрај тоа, ќе добиете можност да го испланирате остатокот од животот за ништо да не ве вознемирува.

Планираниот, закажан секс ви дава можност да флертувате со часови, па дури и денови однапред. Флертувањето може да ги зголеми шансите и двајцата да бидете особено добро расположени кога е време за секс.

Како заклучок, разликите во сексуалната желба не се ништо необично. Понекогаш може да се чувствувате безнадежно, но охрабрувачкиот факт е дека има многу што можете да направите за да го решите овој проблем на здрав и задоволувачки начин.

извор:попара.мк

To top