Љубов и Секс

Три принципи на однесување кои го отвораат патот до машкото срце

Три принципи на однесување кои го отвораат патот до машкото срце

Постојат парови кои се чини дека се лудо вљубени и после деценија љубов. Но, пред да претпоставите дека се преправаат, треба да знаете и дека постојат приказни во кои мажите и натаму се „луди“ по своите партнерки како првиот ден.

Прво правило – покажете заинтересираност кон својот партнер

Грижата и топлите чувства никогаш не се забораваат. Дури и доколку после раскинувањето мажот покаже страст кон некој друг, секогаш ќе споредува колку таа нова личност навистина се интересира за него. И доколку интересирањето не биде интензивно, мажот на овој или оној начин ќе продолжи да се сеќава на минатите врски.

Второ правило – тоа е искреност

Да се отворите и да пренесете лични чувства не е секогаш лесно, особено доколку партнерот тоа треба да го почувствува. Детски трауми, убедувања и стравови ги тераат жените да создадат улога за себе и да се преправаат дека се некој друг. Мажот не сака да гледа манипулатор покрај себе. Некои веднаш ги напуштаат таквите врски, а оние кои лошо ја препознаваат манипулацијата, веројатно ќе се „изгорат“ или ќе започнат односи кои поддржуваат детски трауми. Секој треба да покаже искреност – и мажот тоа ќе го забележи.

Трето правило – да бидеш благодарен и да умееш да го покажеш тоа

Стереотип е тоа дека мажот „мора“ да направи сѐ сам. Кога жената престанува да биде благодарна во односите, тоа му пречи на партнерот и тој едноставно си заминува.

Благодарност – реакција која покажува дека мажот не се труди околу вас попусто, тој треба да се почувствува сакано и ценето. Емоциите поврзани со благодарноста се едни од најпријатните. И кога односите се исполнети со таква атмосфера и двајцата во нив ќе се чувствуваат удобно и пријатно.

извор:курир.мк
фото:freepik

To top