Се чини дека „пијачката пред и цигарата потоа“ е веќе застарено. Навиките кои ги имате по сексуалниот однос можат да обезбедат сексуална и емоционална благосостојба. Од друга страна, постојат грешки кои го зголемуваат ризикот од инфекции.
Ова се трите работи кои дефинитивно треба да ги практикувате по сексуалниот однос.
Веднаш во тоалет
Веројатно сте чуле дека по интимниот однос веднаш треба да одите во тоалет, и тоа не е без причина. Уринирањето ги исфрла бактериите или токсините кои можеби навлегле во уринарниот тракт за време на сексуалниот однос. По мокрењето, измијте ги гениталиите, како би спречиле развој на инфекции.
Носете памучна долна облека
Чипканите гаќички се секси, но памукот е луксуз и кожата под него дише. Бидејќи е природно влакно, памукот е хипоалергенски материјал, добро ја апсорбира потта и нема да ја иритира чувствителната генитална регија.
Гушкајте се со партнерот
Има причина зошто шепотењето на перницата е толку убаво искуство. Секојпат кога имате интимен однос, го ослободувате хормонот на љубовта – окситоцин.
Затоа е важно да разговарате со партнерот по интимниот однос. Тоа е одличен начин да се поврзете и да создадете поголема интимност.
извор:точка.ком.мк