Живот и Стил Ќе се изненадите што сакаат жените

Три „недостатоци“ што жените ги сакаат кај мажите

Три „недостатоци“ што жените ги сакаат кај мажите

Машкиот шарм многу тешко може да се опише со зборови. Многупати овој скриен сексапил е составен од мали нешта што го прават мажот посебен и, едноставно, неодолив.

За што точно станува збор, најдобро знаат жените.

Ова се трите „недостатоци“ што жените ги сакаат кај мажите:

Очила

Иако во детството ги избегнувавме момчињата кои делуваа како бубалици, денес очилата се еден совршен моден детаљ што ги интересира жените.

Внимателно избраните очила оставаат впечаток на искуство, зрелост и интелигенција – одлики на кои ретко која жена може да одолее.

Тридневна брада

„Младата“ брада од само три дена е вистинска мамка за жените. Не станува збор за брадата како таква, туку за нешто бунтовно и многу лежерно во изгледот на мажот.

Сива коса

Според едно истражување, повеќе од две третини од жените ја сметаат сивата коса пожелна кај мажите. Ричард Гир беше пионер на овој изглед, и сè уште привлекува воздишки кај жените.

Иако сè повеќе мажи денес прибегнуваат кон фарба за коса за да ги прикријат првите знаци на стареење, жените повеќе сакаат мажи со уредни сиви прамени, отколку вештачки изглед што не може да не се забележи.

To top