Либидото се разликува од човек до човек, но ако ви се случува постојано да сте сексуално возбудени можеби треба да се запрашате дали е тоа во ред.
Што е нормално кога станува збор за сексуалниот нагон? Експертите тврдат дека тоа не е лесно да се утврди. Желбата за секс варира во текот на животот.
Во суштина, експертите тврдат дека нормален сексуален нагон е оној што прави да се чувствувате пријатно, без разлика дали станува збор за секс еднаш месечно или повеќе пати неделно.
Сепак, ако сметате дека сте премногу сексуално возбудени, ова може да бидат причините за тоа:
1. Чувствувате силна привлечност кон партнерот
На почетокот на врската ова е најчест случај, тогаш страста е најизразена. Возбудата е висока, а хормоните буквално „дивеат“.
2. Зависни сте
Сексуалната зависност е слична на зависноста од видеоигри, употребата на мобилни телефони и гледањето порнографија. Меѓутоа, овие однесувања не се слични на зависноста од хероин, алкохол или кокаин.
3. Имате нарушување
Хиперсексуалноста може да влијае на функционалноста на поединецот и да предизвика загриженост во врската. Сексот може да се користи како механизам за соочување, слично како некои луѓе кои пијат или користат дрога за да избегнат соочување со чувствата и проблемите, сметаат експертите.
извор: кајгана