Љубов и Секс

Три карактеристики кои нè прават атрактивни

Три карактеристики кои нè прават атрактивни

Во време на интернет и социјални мрежи, не е необично тоа што сè повеќе парови користат различни апликации за запознавање.

Меѓутоа, овие апликации не само што се интересни за пронаоѓање на идниот партнер, туку со помош на нив може да се откријат особините кои луѓето ги сакаат кај другите и кои им се помалку привлечни.

Кои карактеристики луѓето ги бараат во идниот партнер?

1. Чувство за хумор

Ако некого прашаме какви квалитети бара кај својот иден партнер, смислата за хумор дефинитивно е високо на скалилото. Во студија спроведена во 2009-та година, научниците откриле дека недостатокот на смисла за хумор или просечната смисла за хумор е помалку привлечна и за жените и за мажите.

2. Доволно сон

Интересно, но за повеќето луѓе важно е нивните партнери да не страдаат од недостаток на сон. Студијата од 2010-та година пак, ги повикала учесниците да ги проценат луѓе кои за време на ноќта спиеле осум часа и луѓето кои не спиеле доволно. Резултатите покажале дека луѓето со недостаток на сон се помалку атрактивни и се потажни.

3. Амбициозност

Реализацијата на поставените цели е атрактивна! Повеќе истражувања покажале дека луѓето кои не ги следат своите цели се препознатливи како мрзеливи, а со самото тоа се и помалку привлечни. Затоа, да бидеме амбициозни, да сонуваме, да поставуваме цели и секогаш да настојуваме да ги оствариме.

извор: точка.мк
To top