Постојат луѓе кои ќе се испокараат околу секоја ситница и едвај чекаат можност да го исфрлат својот бес на некого, додека има и такви спротивни од нив, по секоја цена избегнуваат конфликти.
Според Your Tango, овие три хороскопски знаци воопшто не сакаат да се караат и секогаш настојуваат недоразбирањата да се решат по мирен пат, дури и тоа да значи дека нема да биде по нивно.
1. Вага
Вагите се склони чувствата да ги чуваат длабоко во себе. Секогаш се неутрални во конфликтите и успеваат да останат мирни, освен ако им е нешто екстремно многу важно па да се вмешаат.
Во поголем дел од времето избегнуваат конфликти и се трудат да му угодат на соговорникот, дури и кога не се согласуваат со него.
2. Рак
Раковите паметат сè, бидете сигурни дека ќе запаметат како се чувствувале последен пат кога биле принудени да се соочат со некого, па нема да сакаат тоа повторно да го искусат.
Не сакаат караници и конфликти, уверени се дека со нив нема да се поправи ништо во односот, односно дека само оставаат негативна енергија. Едноставно, тоа не вреди според нив.
3. Стрелец
Стрелците можат да разговараат со секого за сè, до оној момент додека тоа не им предизвика стрес. Не сакаат да бидат под притисок и секогаш се трудат да избегнат конфликт отколку отворено да се соочат.
Караниците им создаваат стрес и ментален притисок па повеќе би заминале на некое интересно место за да почекаат работите да се смират. Ако веќе не можат да ја избегнат караницата, ќе учествуваат во неа, но не по нивна волја и ќе им треба долго време да ја заборават.
извор: кајгана