Јелена Карлеуша исплака море солзи на еден од најтешките денови за неа.
Иако се чини дека прекинатата врска меѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ најмногу ја погодува музичката ѕвезда, сепак не е така. Јелена објави фотографии кои се доказ дека губењето на нејзината најголема поддршка најмногу ја погоди.
Јелена Карлеуша често објавува фотографии од нејзината покојна мајка Дивна Карлеуша, а особено на еден посебно и болен ден за неа.
Имено, пејачката ја објави фотографијата со Дивна, а под неа накратко напиша: „Среќен роденден мамо“.
Покојнта Дивна ќе наполнеше 65 години доколку злата болест не го одземеше животот на позната новинарка и мајка на балканската ѕвезда.
фото:Instagram printskrin/jelenakarleusa