После се’, Душко Тошиќ најмногу заради децата бил подготвен да и прости на Карлеуша и да ја заборави нејзината афера со неговиот босански колега. Се’ додека не го добил видеото со нивниот секс…
По заминувањето на Карлеуша во Кина, се чинеше дека таа и Душко ќе ги смират страстите и ќе го зачуваат бракот и семејството, но нејзиниот план за помирување како да пропадна кога сопругот го добил видео материјалот од оргијањето на Јелена со Врањеш.
Карлеуша задоволна дошла од Кина, за потоа да се случи нешто неочекувано. Еден телефонски разговор за време на пробата за церемонијата на доделувањето на музичките MAC награди ја донесоа поп-дивата до нервен слом, зашто токму од другата страна на слушалката беше Душко Тошиќ.
“Таа во текот на разговорот почна да плаче, а потоа ментално и психички попушти пред сите. Никој не сфати во прв момент што се случува, освен дека Душко е лут како рис. Дури подоцна ќе се покаже дека Тошиќ имал дебела прилина да вика на неговата сопруга. Всушност, веднаш по избивањето на нејзиниот скандал, се појави информација дека во прилог на фотографииите има и порно видео од нивниот секс, иако малкумина веруваа дека тоа е точно.
За жал, Душко беше меѓу првите што ќе се увери во точноста на оваа информација, но исто така и на автентичноста на снимката“ – изјавил извор за српски Курир, додавајќи дека Тошиќ одлучил дефинитивно да стави крај на бракот штом ја видел порно снимката.
Но по неколку дена доаѓа до нов пресврт, па така сега Тошиќ и Карлеуша заедно со децата се на одмор во Дубаи!
На „мисија за помирување“ помеѓу сопружниците, кои засолнети далеку од очите на јавноста така ќе ја бараат својата втора шанса за опстанок на нивниот брак и семејството.