Љубов и Секс

Топ листа на земји со најдобар интимен живот: Љубовта овде цвета

Топ листа на земји со најдобар интимен живот: Љубовта овде цвета

Објавени се статистички податоци кои откриваат во кои земји луѓето најмногу уживаат во своите интимни односи, но за жал Македонија не е на таа листа.

На Твитер профилот „World of Statistics“ неодамна беше објавена интересна листа поврзана со задоволството од интимниот живот ширум светот. Иако многумина очекуваа Франција да заземе високо место, факт е дека тие не се најдоа на оваа листа. Ова се земјите на листата со најзадоволни луѓе во интимните односи:

– Швајцарија

– Шпанија

– Италија

– Бразил

– Грција

– Холандија

– Мексико

– Индија

– Австралија

– Нигерија

Според податоците од истражувањето спроведено од компанијата „Дурекс“ пред две години, Грците биле најсреќни кога станува збор за интимните врски, па дури 87 отсто од возрасните во Грција изјавиле дека имаат интимен однос барем еднаш неделно. Сепак, сега Грците „паднаа“ на петтото место на оваа листа.

Од друга страна, најмало задоволство од интимниот живот имало во Јапонија, каде само 34 отсто од возрасните имаат интимен однос барем еднаш неделно, што ги прави најнезадоволната нација во светот во овој поглед. Се чини дека ситуацијата во Јапонија не е променета и по две години, со оглед на тоа што тие не се најдоа на оваа најнова листа.

извор:popara.mk

To top