Изразувањето благодарност е една од најлесните и најважните работи што можете да ги направите за вашата врска.
Љубовта не е доволна за бракот или врската да трае. Покрај неа, потребна е и благодарност.
Често одвојуваме момент да ја изразиме нашата благодарност за нашето и здравјето на нашите најблиски, благодарност за семејството, пријателите, домот…
Меѓутоа, кога последен пат сте му кажале „благодарам“ на вашиот партнер? Ако не можете да се сетите, време е да почнете да го применувате тој магичен збор во вашата врска, доколку сакате да одржувате здрава, квалитетна врска.
Кога сме зафатени и под стрес, често забораваме да се заблагодариме на личноста со која го делиме нашиот живот за поддршката што ни ја дава. Понекогаш ни се чини дека благодарноста се подразбира, но понекогаш обидете се и да ја кажете. На тој начин ќе ја подобрите врската која бара здрава комуникација, пишува „Zadovoljna.hr“.
Направете вашиот партнер да се чувствува сакано и ценето. Се разбира, важи и спротивното. Со едноставни дела и однесување покажете си колку си значите еден на друг.
Во едно истражување во кое среќните парови одговориле на прашањето во што е тајната, 61 отсто од нив ги споменале гестовите на благодарност од нивните партнери. За тие среќни парови, благодарноста доаѓала во форма на зборови или дела со кои сопружниците покажале дека ги забележуваат, ги ценат, ги почитуваат, ги сакаат и посакуваат.
Благодарноста е нешто на што можете да работите, а со изразување благодарност ќе задоволите две важни потреби на луѓето во врските – потребата да знаат колку вредат и потребата за интимност и блискост.
Можете да изразите благодарност со именување на она за што сте благодарни. За тоа мора да бидете искрени, а освен тоа, не оставајте се секогаш на зборови – покажете го тоа со свои дела.
извор: Попара.мк