Љубов и Секс

Токсичните мажи повеќе не се „ин“, но затоа погледнете кој тип на мажи ги освојуваат срцата денес

Токсичните мажи повеќе не се „ин“, но затоа погледнете кој тип на мажи ги освојуваат срцата денес

Психологот Грег Матос ја напишал статијата „Подемот на осамените и сами мажи“ за магазинот „Psychology today“ и тврди дека жените денес излегуваат само со мажи со кои споделуваат исти вредности, имаат одлични комуникациски вештини како нив и се емотивно достапни.

Токсичните мажи или лошите момчиња конечно се надвор од мода. Тоа се оние кои ги третираа жените како да се пониски суштества, а со текот на времето оваа култура на самољубие беше суптилно прифатена како нормална.

Помина времето кога им се насмевнувавме на момците кои не туркаа на игралиштето затоа што потајно се заљубиле во нас.

Жените повеќе не ги интересира задевањето, туку нежноста и вниманието.

И оттаму доаѓа името на рубриката „Осамени и сами мажи“, која се однесува на оние кои не се однесуваат подеднакво со жените и избрале да бидат сами.

Жените денес се стремат да имаат покрај себе маж кој е внимателен, грижлив и ја третира како еднаква.

Психологот Грег Матос пишува дека мажите денес се поосамени од било кога.

– Во текот на последните 30 години мажите станаа се поголем дел од групата на долгогодишни самци. Па, иако не мора да бидете во врска за да бидете среќни, мажите имаат тенденција да бидат посреќни и поздрави кога се во врска.

– Ова е вистинскиот момент да се воспостават некои нови, поздрави норми на односи и состаноци.

– Мажите имаат клучна улога во оваа трансформација, но само доколку се подготвени да вложат се. Време е да се посветат на себе, на своето ментално здравје и на љубовта што сакаат да ја постигнат – напиша психологот.

извор:попара.мк

To top