Рајан е роден девет недели пред терминот за породување, на овој свет дојде до тежина од 1 килограм и 36 грама.
Тој дојде како борец на овој свет и сега, кога е тука, тој е здрав, весел и разигран. Заедно со неговиот татко, го разубави животот на луѓето на социјалните мрежи.
Мет Мек, таткото на Рајан, заедно со неговиот син, прави преслатки фотографии кои се реплика на животот на возрасните.
Мет со помош на програма за уредување на фотографии и креативни идеи, Рајан го сместува во секојдневниот живот кога треба да оди на работа, да се бричи, да го коси тревникот и да се грижи за себе.
„Знам дека на некои луѓе им се забавни фотографиите, но има и такви кои мислеа дека го донесов животот на мојот син во опасност. Единствената опасност е мојата игра во фотошоп бидејќи мојот син не беше во опасност во ниеден момент, ниту пак јас ќе дозволам нешто да му се случи“.
Фотографиите на Рајан се интернет сензација која ќе го стопи мразот во вашето срце.