Љубов и Секс

Точки на возбуда: Јарците сакаат садо-мазо, Стрелците с*кс на отворено

Точки на возбуда: Јарците сакаат садо-мазо, Стрелците с*кс на отворено

Како да ја разгорите страста на вашиот партнер? Можеби неговиот хороскопски знак може да ви даде правилна насока во која треба да размислувате.

Најдобар начин да дознаете што го возбудува вашиот партнер и да го прашате и отворено да разговарате за сексот со него. Ако ви треба загревање, проверете дали неговиот хороскопски знак ќе ви открие која е неговата точка на возбуда.

ОВЕН

Мажите генерално се визуелни суштества, а тоа особено важи за претставниците на овој знак од зодијакот. Нема да погрешите ако го изненадите вашиот партнер со секси долна облека, а нема да штети и ако направите мало шоу за него.

БИК

Сензуалните Бикови најлесно ќе ги заведете со храна: јадете јагоди со шлаг, намачкајте се еден со друг со чоколаден прелив, а понекогаш е доволна само аромата – намамете го со масло со мирис на ванила.

БЛИЗНАЦИ

Пуштете глас! Близнаците ги возбудува задоволството на партнерката, особено ако може да го слушнат тоа. Споделете ги вашите сексуални фантазии шепотејќи му ги на уво.

РАК

За да уживаат целосно, Раковите мора да се препуштат целосно. Ставете му превез на очите и приредете му уживање што нема да го заборави ни неговото тело, ни неговиот ум.

ЛАВ

Моќните и самоуверени Лавови се отворени за својата сексуалност и желби. Поиграјте си со неговите тестиси и ќе откриете ново ниво на возбуда кај него.

ДЕВИЦА

Девиците, познати перфекционисти, уживаат во откривање нови вештини. Самозадоволувајте се пред него и покажете му што ви треба за да уживате. Со радост ќе научи и ќе сака да го повтори наученото.

ВАГА

Мажите во овој знак се романтичари и сакаат интимни искуства без големи гестови. Бидете нежни во секој ваш потег и ќе ја добиете приврзаноста на овие дарежливи љубовници.

ШКОРПИЈА

Мажите Шкорпии се едни од најмрачните и најмистериозните, а тоа се однесува и на нивниот сексуален живот. Согласни се на секакво ново сексуално искуство, но сепак прво прашајте пред да почнете.

СТРЕЛЕЦ

Ослободете се од вашите инхибиции и изненадете го со секси однесување на отворено – на плажа, на покрив на зграда, во ливада… Овие егзибиционисти ќе експлодираат од страст!

ЈАРЕЦ

Ако тоа е нешто за кое сте размислувале, садо-мазо игрите може да отворат цел еден нов свет на сексуални уживања за вас и вашиот партнер Јарец. Секако, треба да сте соодветно информирани и подготвени за какви било експериментирања.

ВОДОЛИЈА

Водолиите се откачени, непредвидливи и понекогаш се чини дека живеат во свој свет. Но, кога станува збор за сексот, целосно се присутни и посветени и тоа го очекуваат од партнерката. Со мажот Водолија треба да бидете присутни во секоја секунда и по можност да го гледате во очи. Тоа ќе го излуди!

РИБИ

Можеби ова ќе ви звучи како клише, ама однесете го под туш. Нема да ве лажеме, сексот под туш може да биде исклучително комплицирано (читај: лизгаво) доживување, но не го исклучувајте оралниот секс од секс-менито.

извор: Курир.мк

To top