Дали гледате две лица, жена која бере овошја, лице на маж или птица?
Доколку често ја анализирате емотивната врска и се обидувате да ги разберете вашите слабости во неа, можеби решението треба да го побарате во илустрацијата која ќе ви открие многу повеќе за вашиот однос кон саканата личност.
На ова дело кое го насликал Олег Шупњак, може да воочите четири клучни слики – два профили, жена која бере овошје, машко лице и птица.
Секоја од нив открива нешто за вашите слабости во љубовните односи затоа добро погледнете и запомнете што видовте прво.
Два профили
Доколку прво нешто што воочивте се двете лица, тоа значи дека вашата слабост е тоа што секогаш размислувате однапред.
Иако тоа е навистина добро, некогаш одредени работи треба да се дозволат да се случуваат по својот тек. Мислите дека нема некои работи да ги поправите доколку се обидете, но тоа некогаш едноставно е возможно. Кога тоа ќе го сфатите, тогаш станувате ранливи и сфаќате дека мора да се откажете од контролата за да имате добар љубовен однос.
Жена која бере овошје
Вие сте личност која е многу ладна однадвор, но топла и нежна однатре. Додека добро не го запознаете, вие дури не сте отворени ниту блиски со партнерот со кој сте во врска.
Лицата кои забележале жена која бере овошје исто така се кариеристи и кога некој ќе се обиде да им „згазне“ на тоа, стануваат многу чувствителни.
Птици
Вас не ве држи место. Вие едноставно не знаете да уживате покрај една личност подолг временски период, туку се движите како што ветрот ве носи, восхитени од благодатите на слободата.
Вашата најголема слабост е бегство кога некој ќе ви покаже дека му значите и дека сака да се бори за вас затоа што тешко можете рационално да се изборите меѓу слободата и љубовта.
Машко лице
Вашата најголема слабост е тоа што во конфликтите се повлекувате. Доколку го затворате срцето, може да пропуштите шанса за љубов, а доколку не сакате да ги решите конфликтите – врската ви станува обврска.
извор:точка,ком.мк