Ако се прашувате кои типови на мажи никогаш „неможат да се скрасат“, еве го одговорот. Постојат дури неколку типови на мажи на кои скокањето од врска во врска им е сосема нормална работа.
Еве кои се симптомите дека покрај себе си имате маж што нема да можете долго да го задржите?
Односот со мајката
Мажите што се „мамини синови“ може да бидат навистина напорни. Но, оние што имаат студен однос со сопствената мајка тешко дека ќе останат врзани за една личност и врска. Ќе ги препознаете тие знаци ако обрнете внимание на неговиот однос со мајката. Ако не се грижи и не ја почитува својата мајка, ретко и се јавува, разговара со неа како со некој што го запознал на улица, често го повишува тонот, тогаш е време да се соочите со вистината. Ако тој не ја почитува својата мајка, тогаш нема ниту вас да ве почитува. Секоја чест на исклучоците…
Таинствен е
Можеби токму таа тајновитост и мистичност кај него ве привлекла на почетокот, но ако речиси секогаш е таинствен, тоа е знак за узбуна…
Шармер
Вас ве освоил, но веројатно освојува и други. Тој е „шармер со педигре“ и освојувањето и заведувањето е во неговиот карактер. А може ли да се задржи само на заведување и кога е во врска?
Мора да знае каде сте вие, а крие каде е тој
Има мажи што постојано мора да знаат каде се наоѓате во секој миг и до кога ќе бидете таму, а истовремено не ја открива сопствената локација ниту пак сака да ви каже каде е. Тоа е тактика на мажот што изневерува, за да се осигурате да не „налетате некаде на него“.