Хормоните ја играат најважната улога во љубовната врска, тврди американската професорка по антропологија Хелен Фишер.
Иако врските се создаваат под влијание на нашите навики, зрелост и животни околности, емоциите, како што вели, се резултат на работата на одредени хормони, но најдоминантните одредуваат каков ќе ни биде љубовниот живот, какви сме како љубовници.
Допаминот е одговорен за емоциите и менталните реакции. Луѓето кај кои доминира допаминот имаат страсна и љубовна природа, но не се за долги врски.
Серотонинот создава чувство на среќа и позитивно расположение. „Љубовниците на серотонин“ се сигурни, посветени на врската, а партнерот може да се потпре на нив.
Естрогенот е одговорен за нежноста. Овие типови се емотивни, нежни и романтични, но сепак, посесивни и склони кон љубомора, како и изливи на плачење.
Тестостеронот ја зголемува страста и желбата за секс. А оние во кои е најактивен се одлични љубовници, но доста себични во врската. Интересно е што тие се повеќе насочени кон создавање семејство од другите.
Бракот ги менува навиките
По една деценија брачен живот, според американските истражувања, најмногу промени се во навиките.
Во првата година од бракот, партнерите се гушкаат до осум пати на ден, а по 10 години тоа го прават помалку од пет пати на ден.
По венчавката 83 отсто од паровите се држат за рака, а по 10 години брак тој процент паѓа на 38 отсто. Околу 55 отсто од мажените жени не се дотеруваат додека се дома, а седум од десет сопрузи ги оставаат своите валкани чорапи и долна облека расфрлани низ куќата по првите десет години од бракот.
Извор: Попара.мк