Љубов и Секс

Ти магични зборови за секс од соништата

Ти магични зборови за секс од соништата

Според експертите за сексуални односи, партнерот не може да ви ги чита мислите,а  вие не можете да знаете што сака другиот додека не ви каже.

Затоа правилото за здрав и квалитетен сексуален живот е следното: „Ако не ви се допаѓа нешто што прави партнерот, не треба тоа да го премолчите“.

Сексологот Емили Морс открива кои се трите магични збора за да имате секс од соништата.

„Да пробаме вака!“, е сѐ што треба да научите и да му го кажувате на партнерот.

Магични се бидејќи не трпите нешто што не ви се допаѓа, туку преземате иницијатива и тоа многу конкретна, во форма на предлог.

Емили истакнува дека за добар секс многу е важна сексуалната самодоверба, а неопходен дел од таа самодоверба е  љубовта кон сопственото тело.

„Мора да се гледате себе си како сексуално битие. Важно е и водењето грижа за својот изглед, за да се чувствувате заводливо облечете некоја заводлива облека и погледнете се во огледало. Таа сексапилна личност сте вие“, вели Емили.

Последен совет што го споделува сексологот е правилото дека секој треба да биде „крал, односно кралица, на своето лично сексуално задоволство“.

Тоа значи дека треба да ги познавате своите сексуални потреби и желби до најмал детаљ.

„Ако уште го немате направено тоа, време е да ги откриете своите ерогени зони, како и интензитетот на допир што ви одговара“, истакнува таа.

извор:кајгана.мк

To top