Благодарна сум за љубовта и за тоа што ме сакаше на тој начин.
Ти благодарам за доцните бакнежи во ноќта и за појадоците во кревет. Ти благодарам за возвратените пораки и за советите кои ми ги даде. Ти благодарам што ме научи како другите да ги сакам подобро.
Ти благодарам за денот кога реши да ми ја одземеш таа љубов. Ти благодарам за денот кога ме остави да плачам сама на клупата во паркот на тој дождлив ден. Ти благодарам што никогаш не ме сакаше доволно. Ти благодарам што ме научи како да ги оставам другите позади себе.
Ти благодарам што ме научи дека љубовта не трае засекогаш. Ти благодарам што ми покажа дека љубовта е состојба. Ти благодарам што ми ја одзема љубовта за да можам својата да ја најдам во себе.
Ти благодарам што ме остави, но што ми покажа дека никогаш не сум сама. Дека ги имам своите пријатели, своите родители, своите брат и сестра. Ти благодарам што ми покажа дека ти не си сѐ, дека никој не може да биде сѐ. Ти благодарам што ми покажа дека животот не е бајка која ја замислуваме и дека после сѐ мораме да продолжиме понатаму.
извор: курир.мк