Живот и Стил

Тежината која ја имате при раѓање открива какво здравје ве очекува

Тежината која ја имате при раѓање открива какво здравје ве очекува

Постојат студии кои ја поврзуваат родилната тежина со очекуваниот животен век. Сепак, голем број истражувања покажуваат дека факторите на животниот стил како што се консумирањето алкохол, физичката активност, употребата на тутун, дебелината и исхраната се важни за подолг или пократок живот. Сепак, дали овие фактори влијаат на врската помеѓу родилната тежина и смртноста треба да се потврди.

Што е откриено досега?

Истражувањето било спроведено во текот на неколку години, при што биле забележувани тежините на бебињата и здравствените слики кои подоцна биле прикажани.

Кардиоваскуларни проблеми најчесто се јавуваат кај жени кои тежеле околу 2,5 килограми при раѓање.

Килограмите кои се пониски цифри, како што се 2,5 и подолу, укажуваат на можни проблеми на респираторните органи.

Излегува дека децата родени со тежина поголема од 4,5 килограми имаат поголеми шанси да добијат некаков вид на рак во одреден период од нивниот живот.

Заклучоци

Беше пронајдена силна поврзаност помеѓу ниската родилна тежина и зголемениот ризик од смртност од респираторни заболувања. Доенчињата со поголема родилна тежина биле поврзани со поголем ризик од смртност од рак кај мажите и жените во зрелоста.

Исто така, овие заклучоци не мора да бидат неопходни, особено затоа што околината игра многу важна улога во животот на една личност. Затоа, треба да се внимава на факторите кои го ставаат во ризик здравјето.

Извор: Курир.мк

To top