Љубов и Секс

Тест во реалниот живот: Како е да имате секс три пати на ден?

Тест во реалниот живот: Како е да имате секс три пати на ден?

Новинарка на „Indian Times“ одлучила да направи еден експеримент во реалниот живот и да искуси каков е животот кога имате секс три пати на ден, секој ден.

Нејзиниот дечко бил одушевен кога ја слушнал идејата, па двајцата се спакувале и отишле на седумдневен одмор во туристичко одмаралиште.

Таа раскажува како се одвивал нивниот експеримент

Ден 1

Станавме рано и веднаш се фрливме на работа. Беше 5 наутро. Тоа беше добар почеток. Интересно е што по два часа повторно имавме односи, во истиот кревет, во истата соба. Инаку, не се сеќавам кога последен пат сме имале секс два пати во рок од два часа. Третата „рунда“ се одвиваше вечерта кога се вративме од плажа. Бевме уморни, ама имавме енергија. Првиот ден беше одличен.

Ден 2

Нѐ разбуди алармот, беше веќе 10 часот. Веднаш имавме секс, па решивме да одиме на плажа и таму да изнајмиме соба на неколку часа. Таму водевме љубов и беше прекрасно. Откако се вративме бевме уморни, а дечко ми изгледаше многу исцрпен. Тогаш го отворивме првиот лубрикант. Не беше лошо како за втор ден.

Ден 3

Денот ни почна доцна, а од собата излеговме по првата „рунда“ од „предизвикот“.  Бев малку нерасположена, не знаев од што ми е. Кога се вративме во собата околу полноќ сфативме дека тој ден имавме секс само еднаш. Решивме да ја одработиме барем втората „рунда“. Резултатот? Ни требаше многу лубрикант. Овој ден беше неочекуван.

Ден 4

Каде сме? Ми се чини дека сум умрела и лежам на кревет од игли. Ми беше тешко да се движам. Сексот ми беше последното нешто на памет. Го гледав дечко ми како рчи додека спие и сфатив дека предизвикот ни пропадна. Изгледа може да имаш премногу секс и да ти се смачи од секс.

извор:кајгана.мк

To top