Жените имаат поразлични симптоми на срцев удар од мажите
Срцевиот удар е еден од главните причини за рана смрт во модерното време. За жал, оваа болест многу тивко им се прикрадува на луѓето. Пред трагедијата, телото ни праќа сигнали што не смееме да ги игнорираме.
Жените чувствуваат различни симптоми на срцев удар за разлика од мажите. Овие 6 знаци покажуваат дека на жените им се заканува срцев удар…
1. Болка во грбот, рамената, вратот, вилицата и рацете
Болката може да се појави ненадејно, да ве разбуди од сон во текот на ноќта. Не смеете да ја игнорирате болката, веднаш јавете се на лекар.
2. Силна стомачна болка и мачнина
Болката е таква како да ви седнал слон на стомакот. Чувствувате силен притисок, а можеби и киселини. Жените ова често го толкуваат како нарушување на метаболизмот, но станува збор за нешто многу посериозно.
3. Ладна пот
Ова е чест проблем кај жените. Меѓутоа, ако претходно не ви се случувало да ве облее ладна пот, јавете се на лекар.
4. Вртоглавица и краток здив
Жените кои доживеале и преживеале срцев удар, често велат дека овој симптом им останал во сеќавање. Често имале чувство како да истрчале маратон, па не можеле да земат воздух.
5. Ненадеен умор
Ако чувствувате умор што ве спречува да одите до тоалет и да се замиете, задолжително консултирајте се со лекар. Овој сигнал е сериозно предупредување дека вашето тело има проблем.
6. Притисок и болка во градите
Левата страна од градите буквално се вкочанува. Чувствувате голем притисок, болка и пецкање. Ако болката не ви помине во рок од неколку минути, задолжително побарајте лекарска помош.
извор: убавина и здравје