Човечкото тело е неверојатна машина која треба редовно да се сервисира и да се внимава на неа. Токму поради таа причина, многу е важно да слушнете што ви зборува вашето тело. Ви претставуваме листа со 10 знаци кои не смеете да ги игнорирате, а кои ве предупредуваат дека не сте здрави колку што мислите!
- Седа коса пред 40 години
Седите влакна се природна појава која често зависи од генетиката. Но, ако имате повеќе од 50 проценти седа коса веќе во 30-тите години од животот, а немате такви случаи во семејството, тоа може да биде знак за дијабетес.
- Младежи
Иако повеќето младежи на телото се безопасни и бенигни, некои можат да бидат прилично опасни, особено оние кои настанале поради сончање. Сенилна или актинична кератоза настанува поради делување на сонцето и неговото УВ зрачење и се вбројува во предканцерогените промени на кожата.
- Белки
Белката од окото треба секогаш да биде бела. Покрај недостаток на сон или настинка, овој дел од окото може да открие и некои опасни промени во вашиот организам. Жолтата белка може да биде знак на жолтица, проблеми со црниот дроб или жолчката. Црвената белка може да биде знак на висок крвен притисок или вирусно заболување како конјуктивитис.
- Испукани усни
Непријатните пукнатини на усните можат да бидат предизвикани поради промена на температурата или ветер. Но, пукнатините кои често се појавуваат на завршетоците од усните или внатрешни ранички можат да бидат знак за недостаток на витамин Б и цинк. Ако пукањето на усните е често, причина може да биде и габична инфекција.
- Отечен врат
Ако сте забележале дека вашиот врат изгледа потечено, што побргу побарајте совет од лекар. Отокот на предниот дел од вратот најчесто е предизвикан од проблеми со штитната жлезда, кои се вообичаени кај жени измеѓу 20 и 50 години.
- Губење на веѓите
Веѓите со тек на годините стануваат поретки, но наглото губење на влакната може да биде знак на проблеми со штитната жлезда, хипертиреоза – преактивни жлезди или хипотиреоза – намалена работа на тироидната жлезда. Ваквите промени се проследени и со губење на косата.
- Црвени дланки
Вжарени и црвени дланки можат да бидат причина за дерматитис, егзема или алергиска реакција на метали, лекови, храна или пијалок. Исто така, ваквата промена може да биде знак на отежната работа и болест на црниот дроб.
- Промени на ноктите
Ноктите можат да откријат многу работи за состојбата на вашето тело, а причини за промените можат да бидат разни.
- Студени стапала
Стапалата се дел од телото најоддалечен од срцето и поради тоа васкуларните болести прво се манифестираат во нив. Рејнодовиот синдром е автоимуна болест која предизвикува стегнување на крвните садови во делови на телото како што се рачните и ножни прсти, носот и ушите, па поради тоа тие стануваат студени, бледи па дури и трнат.
- Црвени образи
Иако наглите промени на лицето кај жените измеѓу 30 и 55 година од животот можат да бидат предизвикани од хормонски промени, промена на температурата или лута храна, румените образи можат да упатуваат и на розацеа – хронична кожна болест која погодува повеќе жени, а чија причина е непозната.
Извор: Попара.мк