Бруклин Бекам, 21 годишниот син на Викторија и Дејвид Бекам, се сврши со саканата Никола Пелц. Тие се во врска од крајот на 2019 година, а таа е четири години постара од него и професионално се занимава со глума.
Неговата мајка, познатата Викторија Бекам ја сподели среќната вест на нејзиниот Инстаграм профил.
Таа објави фотографија на која Бруклин и Никола се бакнуваат, а на нејзината рака се гледа и свршеничкиот прстен.
– Највозбудливите вести! Не можеме да бидеме посреќни, затоа што Бруклин Бекам и Никола Пелц ќе се венчаат! Ви посакуваме многу љубов и доживотна среќа. Сите ве сакаме многу – напиша Викторија.
Инаку, Никола е ќерка на американскиот милијардер Нелсон Пелц, а неговото богатство е проценето на 1,3 милијарди британски фунти и е многу поголемо од богатството на Бекам, кое беше проценето на 350 милиони фунти минатата година.