Регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ им овозможува на кандидатите да излезат од анонимност и да направат музичка кариера. Токму тоа му се случи на македонскиот учесник Филип Божиновски кој публиката имаше прилика да го запознае во сезоната 2014/2015.
Со својот глас, скромност и едноставност, ја освои публиката, но и стигна до финалето, а публиката денес најмногу го познава како Филип – учесникот од „Ѕвездите на Гранд“.
Кога е во прашање приватноста на талентираниот пејач, тој во 2018 година се ожени со неговата долгогодишна девојка Сања.
View this post on Instagram
На брачната двојка пред три месеци и се случи најголемиот благослов – станаа родители и добија ќерка.
Бебето го носи името Софија, а тато Филип викендов гордо се прошета со наследничката туркајќи ја бебешката количка низ парк.
View this post on Instagram
Моментот го овековечки со неколку фотографии кои ги објави на својот Инстаграм и се пофали дека бебенцето нарасанало за прошетки и дошло време да прошетки на татко и ќерка.