На големите музички награди MAC 2020 година кои се одржаа вчеравечер во „Штарк“ арена во Белград, нашата пејачка Тамара Тодевска имаше улога на водителка од големата сцена заедно со Гелеб Никачевиќ и Ана Радишиќ.
Според сценариото, на Тамара и припадна честа да разговара, односно да им земе изјава на големите ѕвезди како Лепа Брена, Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша…
Настанот беше посебно искуство за неа во кое одлично се снајде, а на еуфоријата и овој регионален музички спој, веројатно секогаш ќе се сеќава како нешто позитивно и поразлично.
Тамара промени три стајлинзи за време на нејзините минути на сцената и во ВИП ложите, а еден подарок кој го доби од Лепа Брена, секогаш ќе ја потсетува на возбудливата вечер во Белград.
Имено, додека Тамара разговараше со Брена, не можеше да одолее на нејзината ексцентрична цвена шапка, па без многу двоумење ја праша дали може да ја добие засекогаш.
Брена пак, веднаш го извади впечатливиот аксесоар од главата и го намести на Тамара, која беше и повеќе од задоволна.
Вечерта за нашата пејачка беше исполнета со многу дружење и разговори со познатите колеги, но овој момент со Брена се издвои како спонтан и доста симпатичен.