Во вчерашните вести на Вистина, можевте да прочитате дека пејачката Тамата Тодевска која е бремена по вторпат, во интервју за 1ТВ го откри името на своето неродено бебе кое инаку ќе биде машко.
Веста инстантно се рашири по сите домашни поратли, а некој веројатно од брзање лошо слушнал, прочитал или згрешил во куцање, па наместо Дарен, напишаа дека бебето ќе се вика ДаренТ.
Кога Тамара го прочита ова, не можеше, а да не изреагира дека нејзиното се уште неродено синче веќе е прекрстено, па мораше да реагира.
-Не е Дарент, туку Дарен, напиша Тамара во објавата.

Инаку, пејачката вели дека ова и е лесна бременост и се чувствува одлично, а бебето треба да пристигне кон крајот на годината.