Како што нема две исти личности, така и две љубовни врски не можат да бидат исти, сите се различни и посебни на свој начин. Сепак, постои едно нешто што е заедничко за паровите кои остануваат заедно подолго од другите.
Марк Менсон, автор на книгата “The Subtle Art of Not Giving a F**k” тврди дека тајната за долга и среќна врска лежи во способноста на парот да се досадува заедно.
– „Најискрено верувам дека на паровите треба да им биде што е можно подосадно. Можеби звучи навистина чудно, но ако ги погледнете среќните постари парови кои се заедно 60 години, тоа не е затоа што земале приватни авиони ил отишле на неверојатни патувања. Тоа е затоа што можеле и да се досадуваат заедно“ – вели Менсон.
Ако таквите парови можеле да поминуваат години и години заедно, да седат дома, да разговараат за истите досадни работи, да гледаат телевизија – тогаш тоа е добро.
– „Важно е луѓето да разберат што сакам да кажам, особено денес, бидејќи многу луѓе не сакаат да им биде досадно. Сите сакаме интересни животи. Но, во многу случаи ова не е добро за романтичната врска“ – тврди Менсон.
извор:попара.мк