Љубов и Секс

Тајната на добриот интимен однос лежи во ова

Тајната на добриот интимен однос лежи во ова

Кога станува збор за тајната на долгорочната врска, општото мислење е дека добриот сексуален живот е меѓу клучните фактори. Или со други зборови, среќниот секс води до среќна врска и соодветно до среќен и здрав живот.

За повеќето луѓе, тоа значи поголемо времетраење и поголема фреквенција на сексот.

Според сексолозите сепак сексуалното задоволство, пред сè се крие во среќата што тие две лица ја делат. Тие додаваат дека зачестеноста на сексот не обезбедува виталност, енергија и здравје. Така на пример, ако често правиме секс, но некој од партнерите не чувствува задоволство од самиот чин, нема како сексуалниот живот да биде среќен.

Експертите тврдат дека клучот порадо се крие во квалитетот на односот меѓу двајцата, а не во квантитетот на сексот. Најважно е чинот да носи задоволство и на двајцата партнери.

Сексот има убаво објаснување – тоа е поим за еднаквост и реципроцитет и на тој начин ги поврзува со длабочина и двете страни во двојката.

Ако само едниот од двајцата се насладува на сексот или недостасува еднаквост во сексуалните односи, врската се смета за нездрава.

Тоа значи дека клучот за среќен сексуален живот се крие во заемното задоволство и треба да бараме начин да го направиме сексот поинтересен и возбудлив.

извор:popara.mk

To top