Ако веќе неколку недели сте во изолација со партнерот, можно е помеѓу вас да се појави доза на нетрпеливост и на површина да испливаат и најмали проблеми кои никогаш досега не биле ни споменати.
Поради тоа, сексологот Грејс Хазел споделила неколку совети за оние парови кои се препознаваат во ова и кои сега поминуваат низ тежок период.
Грејс објаснува дека комуникацијата треба да се состои од искрено изразување на мислите и чувствата, но и дека треба да ги сослушаме потребите на партнерот, дури и ако тоа што нѝ го зборува звучи како напад или критика.
Кога чувствуваат дека влегуваат во кавга или препирка, Хазел вели дека паровите треба да ја испробаат следната 5-минутна вежба за комуникација:
“Ако навистина сакате да решите нешто, поставете тајмер за и двајцата да имате 5 минути за да го изразите она што ве мачи”, објаснува сексологот и додава дека за тоа време не треба да го прекинувате партнерот додека зборува дури ни со “превртување на очите и правење гримаси”.
Кога партнерот ќе заврши, тој станува слушател и тоа можете да го практикувате сè додека не се чувствувате дека меѓусебно сте се чуле и разбрале.
“Правилото од 5 минути е најважната работа која сум ја научила и започнала да ја применувам во врската”, вели Грејс.
Експертот за односи Шенон Смит напоменува дека, кога сте и двајцата по цели денови дома, некогаш е тешко да се постави граница помеѓу работата и времето за вас двајца. Затоа, Шенон советува да правите паузи во кои и двајцата ќе правите нешто за кое не е потребна технологија (дури и ако подоцна гледате филм или зборувате со некој преку видео повик).
Освен тоа, Смит советува да се обидете да го подобрите “природниот” разговор: ако на пример, припремате вечера, искористете го тоа време како прилика за разговор за тоа кои се вашите омилени јадења или кои се најдобрите ресторани во кои сте биле. Или и двајцата прочитајте ја истата книга и разговарајте за неа.
“Искористете го овој период да испробате некои нови работи. Ова сега може да биде шанса за да сфатите како се чувствува вашиот партнер. Меѓутоа треба да знаете дека понекогаш и тишината е во ред и дека можете и без зборови да уживате во друштво на партнерот”, потсетува Шенон.
извор:точка.ком.мк