Атиџе Муратова е жената која според Сузана Турунџиева ги поседува сите одлики што го красат човекот.
Откако се запознаа нивното пријателство стои на високо ниво, едноставно го негуваат и попстојано една за друга взаемно си прават убаво на душата. Сузана во една прилика од своите објави на социјалните мрежи за Атиџе кажа:
Сакам скапоцени луѓе…
Со скапоцен карактер…
Со чист образ…
Со добро срце…
Со ЗБОР кој го одржуваат… стои во објавата.
Турунџиева периодов почна да собира каменчиња и да ги слика со интересни мотиви, а крајното дело изгледа декоративно и уникатно. Еден таков подарок изработи за својата драга пријателка Атиџе, а станува збор за амајлија која ќе ја штити од лоши погледи и луѓе.
Во коментарите од приложената фотографија каде се седнати една до друга се појави коментар од нашиот познат шоумен Игор Џамбазов кој откри дека Атиџе повторно ќе ја гледаме на филм.
-Да ја пофалам Атиџе. Денес, на снимањето на нашиот прв заеднички филм, беше брилијантна…поздрав и до Сузето, напиша Игор, а Турунџиева секако запзната со тоа му дополни дека Атиџе и кажала дека на снимањето Игор многу ја расположил.
Амајлијата ја доби во вистинско време, а веќе искусната медената хероина останува да почекаме за да ја видиме во некое поинакво светло пред филмската камера.
фото:Инстаграм принтскрин